Дома Фудбал Бензема заби нож во грбот на Ал Итихад и објавил порака, навивачите се бесни на него

Бензема заби нож во грбот на Ал Итихад и објавил порака, навивачите се бесни на него

Карим Бензема денес реши да направи предавство за паметење, и го замени дресот на Ал Итихад со дресот на Ал Хилал.

Сѐ започна по понудата што му ја дадоа раководителите на Ал Итихад, што Бензема ја сметаше за под неговото ниво, па поради тоа беше навреден.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Откажа да игра за Ал Итихад по сето тоа, и инсистираше на трансфер во Ал Хилал, а сега тој и се реализираше.

Имено, понудата што Бензема ја доби од Ал Итихад беше да игра бесплатно, но да има сто проценти приходи од правата на лик и дело.

Поради тоа Французинот се чувствуваше навредено и веднаш ја одби таа понуда, но и одби да игра за Ал Итихад.

Вечерва направи големо предавство и беше претставен како нов играч на Ал Хилал.

По предавството, Бензема се огласи на социјалните мрежи.

“Ал Итихад,

Ова поглавје доаѓа до крај, но почитта засекогаш ќе остане.

Благодарност до клубот, стручниот штаб, соиграчите и посебно навивачите за добредојде, љубов и енергија што ми ги дававте секој ден.

Ова патешествие ми даде многу на лично и професионално ниво. Заминував со крената глава, горд што ги носев боите на овој клуб и за сѐ што делевме заедно.

Ви посакувам сѐ најдобро понатаму”, напиша Бензема.

Навивачите на Ал Итихад не беа задоволни од објавата на Бензема.

„Не го претставуваш клубот сега, предавнику. Направи работи поради кои играчите те мразат и не си повеќе добредојден овде.”

„За каква почит зборуваш? Не покажа никаква почит ни кон играчите, ни кон нас.”

„Плашливецу, не си лојален кон навивачите на Ал Итихад, тука си само да се забавуваш, на крајот имаше ужасен крај во клубот.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нови драми во Саудиска Арабија: Канте го следеше Роналдо и Бензема и одби да тренира

Светскиот шампион Н’Голо Канте е најновиот познат фудбалер од саудиската лига кој е …