
Во третата епизода на (Не)успехот на шампионите, Златан Ибрахимовиќ разговараше со Славен Билиќ за прашање кое ги заинтригира сите на Балканот.
Билиќ, во еден момент, му постави прашање на Ибрахимовиќ дали имало контакти со Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, но тоа не беше се. Добро е познато дека неговиот татко, Шефик, е родум од Бијељина, а неговата мајка, Јурка, од Задар. Поради тоа, покрај Шведска, Ибрахимовиќ можеше да игра за Босна и Херцеговина или за Хрватска. Но, интересно е што никогаш не се воделе конкретни разговори околу ова прашање.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Имав пасоши и од Босна и Херцеговина и Шведска, но ја избрав Шведска. Тие ме повикаа конкретно, додека останатите беа само зборови“, изјави Ибрахимовиќ.
Потоа, Билиќ го праша дали би играл за Босна и Херцеговина или Хрватска доколку можел да избере.
„Да, би играл за Босна или Хрватска, ако имаше реална можност да освоиме Европско или Светско првенство. Помеѓу двете, Хрватска имаше поголеми шанси. Ним им недостасуваше одличен напаѓач, но не се случи ниеден конкретен контакт“, заврши Ибрахимовиќ.
Така, Ибрахимовиќ својата кариера ја продолжи во шведската репрезентација, каде што настапи дури 122 пати и постигна 66 гола.