Дома Фудбал Јувентус направи размена со Болоња и се здоби со шведски репрезентативец

Јувентус направи размена со Болоња и се здоби со шведски репрезентативец

Јувентус и Болоња официјално ја потврдија размената на десните бекови меѓу нив. Така “Старата дама” се засили со Емил Холм, а во спротивната насока замина Жоао Марио.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двајцата ќе бидат на позајмица до летото, при што само “бјанконерите” ќе имаат опција да го откупат шведскиот репрезентативец, додека “рособлу” ќе го вратат Португалецот летото назад.

За да го задржи Емил Холм трајно, кој ќе игра со број 2, Јувентус ќе треба да плати 15+3 милиони евра по завршувањето на сезоната. Ова е четвртиот италијански тим во неговата кариера по Специја, Аталанта (на позајмица) и Болоња. Тој му се приклучи на тимот на Винченцо Италијано во летото 2024 година, кога беа платени 8 милиони евра на тимот на Петко Христов. Оттогаш има одиграно 48 натпревари со 2 гола и 6 асистенции. 25-годишниот краен дефанзивец исто така има 16 настапи со 2 голови и 2 асистенции за Шведска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико Мадрид ќе има најмногу играчи на трето последователно финале на Светското

Ако некој сака да стигне до финалето на Светското првенство, треба да потпише договор со А…