Дома Фудбал Драма во Саудиска Арабија: Роналдо одбива да игра за Ал Наср

Драма во Саудиска Арабија: Роналдо одбива да игра за Ал Наср

Во саудискиот фудбал се случува бурна ситуација. Кристијано Роналдо, најголемата ѕвезда на лигата, го одбива настапот за својот клуб Ал Наср во натпреварот против Ал Ријад. Оваа одлука не е поради повреда, туку резултат на отворен протест против Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија (PIF), кој го управува клубот, според пишувањата на ESPN. Португалецот, кој неодамна го постигна својот 961. гол во кариерата и се стреми кон илјадитиот, е сериозно незадоволен од последните потези на Фондот.

Недостаток на инвестиции и замрзнати овластувања

Според извори блиски на клубот, Роналдо е фрустриран од начинот на кој PIF го управува Ал Наср, особено во споредба со начинот на кој се третираат неговите ривали под владеењето на истиот фонд. Капитенот на тимот се жали на недостатокот на инвестиции, што е очигледно и со фактот дека единственото засилување во зимскиот трансфер период беше 21-годишниот играч од средниот ред, Хајдер Абдулкарим од Ирак. Дополнителна напнатост создава и одлуката за замрзнување на овластувањата на двајца португалски директори во клубот, Симaо Кутиња и Жозе Семедо, донесена на почетокот од месецов.

Ривалите се засилуваат, Ал Наср стагнира

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Особено му пречи на Роналдо што неговиот вечен ривал Ал Хилал, тековен лидер на првенството, има значително поголемо влијание и многу повеќе инвестира во засилувања. На пример, Ал Хилал платил на Фиорентина два милиони евра за дефанзивецот Пабло Мари, а ќе исплати 30 милиони евра за младиот француски напаѓач Кадер Меите од Рен.

Тимот на италијанскиот тренер Симоне Инзаги го финализира и доведувањето на Саимон Боуабре од Неом за дополнителни 30 милиони евра. Како круна на сето ова е и трансферот на Карим Бензема, кој го напушта Ал Итихад за да му се придружи на лидерот на првенството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристијано Роналдо направи хаос во Саудиска Арабија

Неверојатни вести доаѓаат од Саудиска Арабија, а во главна улога е Португалецот, Кристијан…