
Новак Ѓоковиќ денеска за прв пат во своите 11 финалиња на Австралискиот Опен го доби сребрениот пехар за второ место, а потоа одржа интересен говор.
На патот до освојување на својата 11-та титула, Ѓоковиќ беше запрен од Карлос Алкараз, кој триумфираше со резултат 3:1 во сетови. По мечот, на свечаната церемонија, Ѓоковиќ му честиташе на најдобриот светски тенисер за заслужената победа.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
“Честитки за Карлос, тој одигра неверојатен турнир. Ова е историско, легендарно, ако треба само со еден збор да го опишам она што го мислам”, рече Ѓоковиќ и му се заблагодари на својот тим.
Ѓоковиќ, за време на мечот, се пошегува со Рафаел Надал, кој го следеше натпреварот од трибините, а на церемонијата повторно му се обрати на легендарниот шпански тенисер.
“Малку е чудно да те видам горе на трибините, а не тука на теренот. Навистина беше голема чест и привилегија пред толку публика да делиме терен. Чудно чувство е, но вистинско задоволство ми е што те гледам”, порача Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ малку ја растажи публиката на Род Лејвер арената кога зборуваше за моменталниот стадиум на неговата кариера, како и за тоа дека не е сигурен дали ќе се врати на Австралискиот Опен следната година.
“Кога се обидувате да играте на вакво високо ниво како играчот Карлос, мора да верувате во себе. Ако не верував во себе и ако не размислував така, денеска немаше да можам со ваков играч да стојам на оваа сцена. Беше ова одлично искуство, а само Бог знае што ќе се случи утре и за шест месеци, но многу ве сакам”, изјави Ѓоковиќ.