
Ливерпул се мачи цела сезона да најде константна форма и може да се каже дека, соодветно на вложувањата, кампањата е неуспешна. Освен тоа, имаат и кадровски проблеми. Александар Исак ќе се врати дури кон крајот на сезоната, ако воопшто се врати, Конор Бредли нема, додека пред неколку дена против Карабаг повторно се повреди Џереми Фримпонг.
Така, Ливерпул остана без своите десни бекови и минатата вечер Доминик Собослај принудно играше на таа позиција, но тоа не би смеело да трае уште долго. Ливерпул работи на пронаоѓање на решение, барем до летото. Имаат денес и утре за да го решат прашањето за десниот бек на пазарот, што нема да биде лесно.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Во последните 48 часа ќе се обидеме да го засилиме тимот. Не знам точно што ќе се случи, но преферирам да го засилиме тимот, а не да го ослабиме. Ќе видиме“, изјави Арне Слот после Њукасл.
Ливерпул се интересираше за Денцел Дамфрис кој е повреден и ќе се врати за десетина дена, Џереми Жаке од Рен исто така е високо котиран.