
Талентираниот фудбалер, кој потекнува од Црна Гора, Адин Личина (19), би можел да стане дел од Јувентус уште во овие трансферски активности.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што објави познатиот италијански спортски новинар Џанлука Ди Марцио, Личина, кој моментално игра за Баерн Минхен, претставува голема желба на Јувентус и веќе е постигнат договор со баварскиот клуб.
Баерн ќе има право да ги израмни сите понуди кои ќе стигнат до Јувентус, а исто така, ќе има право на одреден процент од идната продажба на играчот.
Личина главно настапува за вториот тим на Баерн Минхен, а има минато низ сите млади категории на германската репрезентација.