Дома Фудбал Откриени детали за „понудата“ на Бензема, не е ни чудо што не сака да игра

Откриени детали за „понудата“ на Бензема, не е ни чудо што не сака да игра

Карим Бензема одби да патува со остатокот од тимот Ал-Итихад на првенствената утакмица против Ал-Фатех. Причината е новиот договор што му го понудија, кој го смета како потполно непочитување.

Карим Бензема пристигна во Саудиска Арабија пред речиси три години. Французинот играше за договор од над 100 милиони евра годишно, а тој му истекува на крајот на јуни оваа година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ал-Итихад сака 38-годишниот Французин да остане во клубот. И Бензема немаше ништо против таа идеја сè додека не ги чу деталите од договорот што му ги понудија.

Според извештаите, Саудијците од Бензема побарале да игра бесплатно. Се надеваа дека ќе се согласи да нема фиксна плата, туку да добива 100 проценти од заработката од правата на ликот и делото.

Иако францускиот напаѓач добива и од тоа повеќемилионски износи, тој се почувствува навреден од таквата понуда на клубот.

Така му порача јасно на клубот дека не сака да игра бесплатно, а за фактот дека Бензема не сакаше да игра на вчерашниот натпревар говореше тренерот на Ал-Итихад Серџо Консеикао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова повреда во Ливерпул и допонлителна „главоболка“ за Слот

Фудбалерот на Ливерпул, Џереми Фримпoнг, ќе биде надвор од теренот неколку недели поради п…