Дома Фудбал Што се случува со Гвардиола? Само исчезна…

Што се случува со Гвардиола? Само исчезна…

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не се појави на прес-конференцијата пред нивната 24-та рунда во англиската Премиер лига против Тотенхем. На негово место, со медиумите комуницираше неговиот помошник Пеп Линдерс.

Линдерс веќе го замени Гвардиола на овој начин по победата над Ексетер во ФА купот на почетокот од годината, кога Гвардиола беше суспендиран.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Навивачите на Сити останаа без официјални информации за отсуството на Гвардиола, но од клубот изразија очекување дека тој ќе го води саботниот тренинг.

„Менаџерот е добро. Како и секогаш, исполнет е со амбиција и страст, но има лична работа што треба да ја заврши. Ќе се врати во Манчестер подоцна денеска“, изјави Линдерс.

Линдерс, исто така, потврди дека Жереми Доку претрпел повреда во победата од 2:0 над Галатасарај во Лигата на шампионите.

Повредата е слична на претходната, кога му беа потребни 18 дена за закрепнување. Се надевам дека овој пат побрзо ќе го видиме на теренот, бидејќи е важен играч за нас, додаде помошникот тренер на Сити.

Во моментов, Манчестер Сити се наоѓа на втората позиција во Премиер лигата со четири бода разлика зад Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дортмунд „фрли око“ на талентот на Барселона

Според извештаите на весникот Спорт, Борусија Дортмунд покажала интерес за Гије Фернандез,…