
Новак Ѓоковиќ уште еднаш испрати порака до сите кои се сомневаа во него. По големата победа над Јаник Синер во полуфиналето на Австралија опен, српскиот тенисер накратко, но значајно напиша на камера “Нешто кажавте ли?!”, а сега и објасни зошто го направил тоа.
Доцна во ноќните часа, на импровизирана прес-конференција во ходникот на Род Лејвер Арена, новинарите го прашаа Ѓоковиќ кому била наменета таа порака.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
“За нив”, рече со кратка, значајна пауза, пред да повтори:
“За нив. Го прочитавте тоа… Да, за нив. Како што вели татко ми: ‘За сите тие ‘експерти’ што знаат подобро’. За нив е, ќе се препознаат”, порача Ѓоковиќ.
Интересно, обложувалниците претходно му даваа многу мала шанса на Ѓоковиќ – коефициентот за негова победа против Синер беше околу 10, што значеше дека и самиот Новак, барем на хартија, беше означен како сензација.
Ѓоковиќ, кој често е мета на медиумите и таблоидите во Србија, кои го прогласија за “пропаднат тенисер” поради неговата поддршка на студентските протести, успеа со оваа порака да го привлече вниманието на соседството.
Сега од историски успех го дели уште само една победа. Во неделното финале против Карлос Алкараз,