Дома Фудбал Откриени детали за ‘понудата’ на Карим Бензема, не е ни чудо што не сака да игра!

Откриени детали за ‘понудата’ на Карим Бензема, не е ни чудо што не сака да игра!

Карим Бензема пристигна во Саудиска Арабија пред речиси три години. Французинот играше за договор тежок над 100 милиони евра годишно, а тој му завршува на крајот на јуни годинава.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ал-Итихад сака 38-годишниот Французин да остане во клубот. Бензема немаше ништо против таа идеја сè додека не слушна за деталите на новиот договор.

Најавно, Саудијците бараа од Бензема да игра бесплатно. Се надеваа дека ќе се согласи да нема фиксна плата, туку да добие 100 проценти од заработката од правата на портретот и делото.

Иако францускиот напаѓач и од тоа заработува милионски суми, се почувствува навреден од таквата понуда на клубот. Тој тоа го доживува како непочитување и одби да патува на натпреварот.

Така му стави до знаење на клубот дека не сака да игра бесплатно, а за тоа што Бензема не сакаше да игра вчерашниот натпревар зборуваше тренерот на Ал-Итихад Серхио Консеисау.

Португалецот не сакаше премногу да влегува во проблематиката помеѓу двете страни. Само изјави дека Карим е врвен играч.

“За Карим Бензема треба да го прашате клубот. Јас сум тука да ја тренирам екипата, да ја подготвам за добри резултати и трофеи”, изјави Консеисау и додаде:

“Останатото не е моја работа. Тоа што можам да кажам е дека Карим е врвен професионалец и фантастичен фудбалер. Горд сум што можам да го тренирам.”

Бензема неодамна изрази подготвеност да остане во тимот. Меѓутоа, по оваа ‘понуда’ тоа тешко ќе се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хари Кејн го напушта Баерн и се приклучува на еден од најсилните клубови во светот!

Според пишувањата на Ел Насионал, Хари Кејн многу лесно ова лето може да го напушти минхен…