Дома Фудбал Веројатно ова е последната сезона на Левандовски во Барселона, откри неговата сопруга

Веројатно ова е последната сезона на Левандовски во Барселона, откри неговата сопруга

Иднината на Роберт Левандовски во Барселона изгледа предодредена. Барем таков заклучок може да се извлече од зборовите на неговата сопруга, која не се двоумеше да најави збогување на Полјакот со Барселона, клуб на крајот од оваа сезона. Дополнително, неговиот договор со шампионите истекува.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Анна Левандовска зборуваше пред популарната полска медија Plejada во врска со тоа што ја очекува во скоро време, изјавувајќи дека изгледа дека ова е крајот на престојот на нејзиниот сопруг во каталонскиот главен град: „Ќе видиме како ќе се одвива сезоната во Барселона оваа година, бидејќи, да речеме, ова веројатно ќе биде последната година на мојот сопруг тука.“

„Затоа го стискаме како лимон. Се радуваме на секој момент, на секој натпревар со навивачите, бидејќи знаеме дека еден ден нема да го имаме сето тоа“, додаде Анна.

Покрај тоа, сопругата на напаѓачот на „блаугранас“ признава дека не знае ништо за иднината која го очекува 37-годишниот фудбалер.

„Што претстои? Не знаеме, но тоа е патот на еден голем атлет и посебно на еден голем спортист, и ние сме подготвени за тоа“, додаде сопругата на голгетерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Антоан Гризман ќе го оствари својот сон во САД

АНТОАН Гризман потпиша договор со Орландо Сити и така го исполни својот долгогодишен сон д…