Дома Фудбал Горецка потврди: На лето заминува од Баерн!

Горецка потврди: На лето заминува од Баерн!

Искусниот германски фудбалер Леон Горецка ќе се раздели со Баерн Минхен на крајот на сезоната, објавувајќи на познатата социјална мрежа Инстаграм дека ова лето ќе започне ново поглавје во својата успешна кариера.

Во последните недели се појавија такви шпекулации, а сега истите добија и потврда..

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Драги навивачи, изминатите денови беа побурни од очекуваното. Истовремено, тоа донесе јасност. Колку и да сум почестен од интересот на врвните меѓународни клубови, донесов јасна одлука да останам со Бајерн до крајот на сезоната. Со тим што е неверојатно забавен за работа, на и надвор од теренот, и тренер кој нè обедини како целина. Чувствувам длабока обврска кон овој тим и клуб. Нашата заедничка цел е да се вратиме на Марјенплац во мај и да ги прославуваме најголемите титули заедно со вас”, започна својата порака Горецка.

Потоа ги истакна неговите планови за летото.

“Истовремено, клубот и јас, после добри и конструктивни разговори, одлучивме дека нашата успешна соработка ќе заврши летово. Како што порано споменав, ова е вистинскиот момент за мене да започнам ново поглавје: како фудбалер и како личност. Но, се уште имаме многу работа пред тоа. Дајте да се вложиме максимално за најголем успех оваа сезона и на Светското првенство со Бајерн и со репрезентацијата! Се радувам на тоа! Ви благодарам за поддршката! 2026! Mia san Mia”, напиша Горецка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фернандеш си се понудил на Реал

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, ги понудил своите услуги н…