
Англискиот крилен фудбалер Рахим Стерлинг е слободен агент откако вчера му беше раскинат договорот со Челси.
Тој беше исклучен од работа со првиот тим уште под водството на Енцо Мареска, а ситуацијата не се промени ни кога стигна Лиам Росениор, иако впечатокот е дека сите страни уште пред доаѓањето на новиот тренер го наслутуваа епилогот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Неговата желба е да остане во Англија, по можност во Лондон каде што се јави Фулам, но многу поголеми „ѕверови“ покажале интерес за него.
Како што вели Кавех Солекол од Скај, дури седум клуба на ниво на Лига на шампионите разговарале со неговите претставници. Истот извор додава дека крилото е подготвено и здраво за највисокото ниво на фудбал.
Стерлинг играл за Ливерпул, Сити, Арсенал и Челси. За “сините” од Лондон настапил 81 пат, придонесувајќи со 19 голови и 12 асистенции.