Дома Фудбал Переc му прекипе по синоќешниот пораз – Понуди 100 милиони евра за „машината“ од Премиер лигата!

Переc му прекипе по синоќешниот пораз – Понуди 100 милиони евра за „машината“ од Премиер лигата!

Како што пренесува шпанскиот портал “Fichajes”, Реал Мадрид одлучи да се впушти во големо засилување во одбраната, а метата е еден од најценетите дефанзивци на денешницата во Премиер лигата – аргентинскиот репрезентативец Кристијан “Кути” Ромеро.

Последните неуспеси разоткрија сериозни проблеми во задната линија на Реал. Повредите, падот на формата и недостатокот на континуитет доведоа до тоа одбраната, која со години беше симбол за стабилност, да стане најслабата точка на тимот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Особено болен беше синоќешниот пораз кој, според пишувањата на шпанските медиуми, дефинитивно го убеди Перес дека импровизации повеќе нема. Клубот мора да реагира веднаш, без оглед на цената.

Оваа сезона Реал Мадрид се соочува со низа дефанзивни проблеми. Долготрајната отсуство на клучни играчи како Едер Милитао остави празнина која младите и играчите во ротација не успеаја да ја пополнат на посакуваното ниво.

По ова, името на Кристијан Ромеро се појави како приоритет. Аргентинецот, кој блеска во дресот на Тотенхем, важи за еден од најагресивните и најдоверливи стопери во англиското првенство.

Ромеро е познат по бескомпромисната игра, цврстината во дуелите и изразениот победнички карактер. Овие особини Реал Мадрид во моментов очајно ги бара во срцето на одбраната.

Според информациите кои ги носи “Fichajes”, Флорентино Перес е подготвен да понуди 100 милиони евра за да го скрши отпорот на Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандскиот голман на 43 години смени клуб

Поранешниот голман на Ајакс, Ремко Пасвер кариерата ќе ја продолжи во Хераклес. Искусниот …