
Карим Бензема одби да се појави на терен за Ал-Итихад. Францускиот фудбалер е незадоволен од понудата за продолжување на соработката и реши да стапи во штрајк.
Карим Бензема веќе нема желба да игра за Ал-Итихад поради незадоволството од предлогот за нов договор кој му беше понуден последниве денови. Тој одби да оди на натпреварот против Ал-Фатех.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Иако при доаѓањето во клубот заработи над 300 милиони евра, плус бонуси, за Бензема и тоа не е доволно. Очигледно дека 38-годишниот Французин смета дека уште заслужува плата над 100 милиони евра годишно.
Деталите од новиот договор што му го предложи саудискиот клуб не се познати. Сепак, јасно е дека таа бројка е многу помала од сегашната што ја добива. За Бензема е навредливо ако не заработува барем 100 милиони евра годишно.
Бензема ги информираше челниците на клубот дека нема да игра на натпреварот со Ал-Фатех. Тој се реши на штрајк поради незадоволство од понудата и е спремен да замине од клубот во лето.
Тековниот договор му истекува во лето. Клубот сè уште се надева дека Французот сепак ќе остане во тимот, бидејќи тимот е изграден околу него. Од друга страна, тој е убеден дека уште две години може да игра на високо ниво.
“Мојот договор е скоро на крајот. Сè уште не можам да кажам дали ќе останам или заминам. Многу работи ќе влијаат на тоа”, изјави Бензема неодамна и додаде:
“Имам 38 години, се гледам барем уште две години во фудбалот. Ќе видиме како клубот размислува. Најдобро би било да останам тука, но не само година или две. Не сакам така да биде.”
Иако е во познатите години, понуди од Европа сè уште постојат. Бензема сè уште е привлечен многу клубови.
“Вистина е дека имам понуди од Европа. Треба добро да ги разгледам сите и мудро да одберам. Се чувствувам добро и сигурно нема да престанам со фудбалот за шест месеци.”
Очигледно е дека парите ќе бидат одлучувачки фактор во сè. Иако веќе заработи над 300 милиони евра за три години во Саудиска Арабија, Бензема сака повеќе.
Ненаситност како ваква ретко се памети во светот на фудбалот. Плата од 100 милиони евра е дефинитивно претерана и очигледно е дека Ал-Итихад нема намера да му ја понуди повторно.
Тешко е да се поверува дека понудата што ја доби е помала од која било во Европа. Но, за Бензема тоа е премалку.
Французин оваа сезона постигна 16 голови во 21 настап. Вкупно, на 83 натпревари, постигна 54 пати со 17 асистенции.