Дома Фудбал Реал надигран од Бенфика и Мурињо и испадна од топ 8, дури и голман ги казни “кралевите”

Реал надигран од Бенфика и Мурињо и испадна од топ 8, дури и голман ги казни “кралевите”

Реал Мадрид одигра безобразен натпревар и загуби со 2:4 при гостувањето на Бенфика во натпреварот од последното 8-о коло на основната фаза на Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа значи дека шпанскиот гигант ќе мора да игра плејоф натпревари за пласман во 1/8-финалето, откако заврши на 9-тото место. Килијан Мбапе го отвори резултатот за “кралевите” во 30-тата минута, но шест минути подоцна Андреас Шелдерјуп израмни за домаќините, а Евангелос Павлидис од пенал во продолжението на првиот дел (45+4′) го донесе целосниот пресврт за португалците.

Во 54-тата минута следуваше и вториот гол за Шелдерјуп, а четири минути подоцна Мбапе го намали резултатот исто така со својот втор гол. Потоа, во последните секунди на натпреварот, како завршница за гостите беа исклучени Раул Асенсио и Родриго.

На сè ова, во вистински последната акција од натпреварот, голманот на Бенфика Анатолиј Трубин ги казни гостите за финалните 4:2, со што го пласира својот тим на плејофите. Најинтересно е, дека на плејофите можат повторно да се сретнат, бидејќи Реал ќе игра или против португалците, или против Бодø/Глимт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона може да се засили со напаѓач од кој навивачите нема да бидат воодушевени!

Барселона ова лето можеби ќе го засили нападот, а спортскиот директор Деко добил понуда за…