Дома Фудбал Шпанците убедени: Мадрид ќе биде домаќин на финалето во 2030 година!

Шпанците убедени: Мадрид ќе биде домаќин на финалето во 2030 година!

Претседателот на Кралската шпанска фудбалска федерација, Рафаел Лусан, објави дека Шпанија ќе биде домаќин на финалето на Светското првенство 2030 година. Иако одлуката сè уште не е потврдена од страна на ФИФА, Лусан е убеден дека Шпанија ќе го добие правото на организација.

Шпанија, Португалија и Мароко ќе бидат главните домаќини на турнирот, но веќе е познато дека натпреварите ќе се играат и во Аргентина, Парагвај и Уругвај. Главните кандидати за финалето се Шпанија и Мароко, при што Мароко неодамна беше домаќин на Африканскиот куп на нации.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Шпанија има докажани организациски капацитети, што се покажа низ годините; ќе има водечка улога на Светското првенство 2030 година, а финалето од ова Светско првенство ќе се одржи овде“, изјави Лусан.

„Мароко навистина се трансформира во секој поглед, со прекрасни стадиони. Но, мора да признаеме дека има и нешта кои го нарушуваат имиџот на светскиот фудбал, што можеше да се забележи на Африканскиот куп на нации. Ова првенство ќе биде посебно, бидејќи ќе се одбележат 100 години од првото првенство одржано во Уругвај. Се трудиме да обезбедиме Шпанија 2030 година да има најдоброто Светско првенство во историјата“, рече Лусан.

Според информациите на Cadena SER, величествениот „Сантијаго Бернабео“ најверојатно ќе биде домаќин на финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звучи неверојатно, но е вистинито: За само две натпревари, Ендрик веќе го “надмина” Меси

Познатиот спортски новинар – Фабрицио Романо објави информација која брзо се прошири…