Дома Фудбал Ливерпул го блокира трансферот на Анди Робертсон во Тотенхем

Ливерпул го блокира трансферот на Анди Робертсон во Тотенхем

Управата на Ливерпул го блокира трансферот на Ендру Робертсон во Тотенхем. Во петокот двата клуба постигнаа принципиелен договор за трансфер на искусниот Шкотланѓанец за 5 милиони фунти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Спарс” беа сигурни дека левиот бек, чиј договор со мерсисајдците истекува во лето, ќе се приклучи кон нив по натпреварот од Лигата на шампиони в среда против КVerabakh. Меѓутоа, во Ливерпул нема да можат да најдат замена за Робертсон, па затоа нема да дадат зелено светло за трансферот. Идејата беше Костас Цимикас да биде вратен од Рома, каде игра на заем. Двата клуба водат разговори за тоа, но враќањето на Гркот во “Енфилд” до крајот на месецот сè уште не е сигурно, бидејќи и “волците” треба да се обидат да најдат негов заменик.

Покрај сè, во саботата нова повреда доби Џо Гомес, така што опциите на Арне Слот во одбраната се сè повеќе ограничени.

Поради сето ова, Ливерпул во моментов не мисли да го пушти Робертсон, кој најверојатно ќе го исполни својот договор до крај со шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инфантино пред нов мандат на чело на ФИФА: Има поддршка од повеќе од 200 земји

Џани Инфантино доби официјална поддршка од повеќе од 200 национални сојузи за нов претседа…