Дома Фудбал Кремонезе го заборави својот голман и клупскиот автобус замина без него

Кремонезе го заборави својот голман и клупскиот автобус замина без него

Голманот на Кремонезе, Емил Аудеро, беше заборавен на стадионот на Сасуоло по вчерашниот натпревар меѓу двата тима во Серија А.

По традиционалните интервјуа по натпреварот, чуварот на мрежата се задржа со двајца индонезиски новинари и клупскиот автобус замина без него. По инцидентот, клубот му обезбеди автомобил на голманот, кој тој го искористи за да патува до Кремона и да се приклучи на неговите соиграчи.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Аудеро пораснал во Италија и играл за младинските формации на „азурите“, но неговиот татко е Индонезиец. Голманот одбра да игра за Индонезија и минатата година дебитираше за националниот тим на оваа земја. По натпреварот со Сасуоло, се сретна со фудбалерот на домаќините Џеј Идзес, кој исто така има индонезиски корени, што беше уште една причина за неговото задоцнување и пропуштање на автобусот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул му се одмазди на Галатасарај и ќе бара реванш против ПСЖ

Ливерпул го совлада Галатасарај со 4:0 на “Енфилд” и со вкупен резултат 4:1 го…