Дома Останати Тенис Ја победи леукемија, зборуваше како го сака Новак, а потоа Ѓоковиќ го виде тоа и направи потег за паметење (Видео)

Ја победи леукемија, зборуваше како го сака Новак, а потоа Ѓоковиќ го виде тоа и направи потег за паметење (Видео)

Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека е шампион не само на теренот, туку и надвор од него. Средбата со храбрата дванаесетгодишна девојка која ја доби најважната животна битка никого нема да остави рамнодушен.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ѓоковиќ е познат како човек со големо срце, а тоа го докажа и при средбата со една посебна девојка во Австралија. Сè започна како обично интервју на улица, каде што оваа храбра девојка, која ја победи тешката болест, откри колку многу му се восхитува на српскиот ас. Ни на крај памет не мислеше дека тоа интервју ќе се претвори во ден кој ќе го памети до крајот на животот.

На прашањето на познатиот инфлуенсер која е нејзината приказна, девојката искрено одговори:

– Кога имав осум години, ми беше дијагностицирана акутна лимфобластна леукемија. Беше навистина тешко да се помине низ тоа, но на крајот стигнав овде и сега сум добро – рече таа, а потоа ја објасни својата мисија:

Многу работам на подигање на свеста и собирање на средства и слично, за да го проширувам гласот и да им помогнам на другите деца.

Кога ја прашаа за Новак, имаше само пофални зборови:

Навистина го сакам Новак Ѓоковиќ. Тој е навистина добар играч, навистина добра личност.

Тогаш следуваше првиот шок. Таа доби донација од 500 долари за хуманитарната организација што ја поддржува, но и куверта во која пишуваше: “Како би ти се допаднале карти за денешниот меч на Новак Ѓоковиќ?”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Познато е кога Карлос Алкараз ќе се врати на теренот

Карлос Алкараз во Барселона се здоби со непријатна повреда на тетивата поради која ќе пауз…