Дома Останати Тенис Ѓоковиќ доби противник во четвртфиналето на Австралија опен, традицијата е на негова страна

Ѓоковиќ доби противник во четвртфиналето на Австралија опен, традицијата е на негова страна

Италијанскиот тенисер Лоренцо Музети се пласираше денеска во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн, откако го победи Американецот Тејлор Фриц со 6:2, 7:5, 6:4.

Музети во четвртфиналето на Австралија опен ќе игра против српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој без борба продолжи понатаму, бидејќи Чешкиот Јакуб Меншик се повлече од турнирот поради повреда.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Петтиот тенисер во светот на тој начин се пласираше во своето четврто гренд слем четвртфинале, првпат во Мелбурн.

Тој во првиот сет направи два брејка, додека за освојување на следните два му беше потребен по еден брејк.

„Мислам дека денес мојот сервис навистина добро функционираше”, рече Музети кој реализираше 13 ас сервиси и освои 84 проценти од поените на првиот сервис.

„Кога ја завршив минатата сезона, целите ми беа да ја започнам оваа година добро, бидејќи никогаш не ја поминав првата недела овде. Пласманот во финалето на Хонгконг, освојувањето на дубл во Хонгконг и овој пласман во четвртфиналето за мене се навистина сон”, додаде тој.

Ѓоковиќ и Музети досега се сретнале десет пати и девет пати славеше српскиот тенисер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ја победи леукемија, зборуваше како го сака Новак, а потоа Ѓоковиќ го виде тоа и направи потег за паметење (Видео)

Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека е шампион не само на теренот, туку и надвор од него. …