Дома Фудбал Еден навивач на Ц. Звезда во критична состојба, тројца тешко повредени: Епилог на нападот на „Торцида“ врз „Делии“

Еден навивач на Ц. Звезда во критична состојба, тројца тешко повредени: Епилог на нападот на „Торцида“ врз „Делии“

Четворица навивачи на Црвена Звезда се тешко повредени во масовна тепачка кај аеродромот Дубрава во Тузла во саботата, а еден е во критична состојба, пишува денеска загрепскиот „Вечерњи лист“.

Полицијата, се наведува, уапсила неколку десетици навивачи на Хајдук кои извршиле напад, а 14 од нив се задржани во притвор.

Заседата на „Делии“ од Босна и Херцеговина им приредиле припадниците на „Торцида“ во саботата навечер при враќањето на навивачите на Црвена Звезда од натпреварот во Малме.

Навивачите на Хајдук ги изненадиле звездаши од Босна и Херцеговина во темнината, претепувајќи ги кај паркингот каде што „Делии“ ги оставиле своите возила за време на гостувањето во Шведска.

Четворица навивачи на Звезда се тешко повредени по масовната тепачка, од кои еден е во критична состојба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов удар за Илиќ: Оди на операција, Србија останува без него

Повредата против Болоња бара хируршки зафат. Иван Илиќ ќе биде опериран во Финска, а Пауно…