Дома Фудбал Неверојатна приказна за еден од најголемите таленти: Сонуваше да биде како Ѓоковиќ, а за 45 милиони премина во Реал Мадрид.

Неверојатна приказна за еден од најголемите таленти: Сонуваше да биде како Ѓоковиќ, а за 45 милиони премина во Реал Мадрид.

Иако како дете покажуваше завидни тениски квалитети и беше еден од најголемите таленти во својата држава, на крајот се одлучи за фудбалот и, барем засега, не погреши.

Како и сите, и ѕвездата на Реал Мадрид обожаваше да го гледа Новак Ѓоковиќ, се воодушевуваше на Рожер Федерер, Рафа Надал… Сонуваше еден ден да биде на врвот на светскиот тенис, но судбината имаше поинаков план.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Интересно е што тренираше тенис во истиот клуб каде што беше и славниот аргентински тенисер Федерико Делбонис, кој во 2018 година го освои Дејвис Купот.

Со само 11 години веќе беше петти на националната листа тенисери на Аргентина до 12 години. „Тој беше ѕвезда во подем во Аргентина“, изјави Даниел Брисуела, фудбалерот кој го откри.

„Тој е еден од оние играчи што можат да блескаат во кој било спорт“, призна тогаш Брисуела, раскажувајќи како се одлучи за фудбалот по понудата на Ривер Плата, иако тенисот остави трага на денес осумнаесетгодишникот.

„Кога изведува слободни удари, секогаш ја праќа топката во аглите и погодува во горниот агол, и тоа не е случајност. Како тенисер, сервираше исто толку добро. А, тоа исто така му помогна да ја изгради неговата личност, бидејќи тенисот е индивидуален спорт“, нагласи поранешниот фудбалер и сегашен тренер на Вилстерман во Боливија.

Детето кое не ги оствари своите тениски сништа стана врвен фудбалер и потпиша за Реал Мадрид.

Франко Мастантуоно оваа сезона одигра 13 натпревари во Ла Лига и постигна еден гол, додека во Лигата на шампионите на четири настапи има по еден гол и асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мајкл Керик – да остане или не? Венгер го фали, Рој Кин не би му дал работа ни да победи сѐ до крајот на сезоната?!

Мајкл Керик не можеше да замисли подобар старт на клупата на Манчестер Јунајтед, бидејќи п…