Дома Фудбал Иван Перишиќ повторно во Серија А!

Иван Перишиќ повторно во Серија А!

Хрватскиот интернационалец и моментално фудбалер на ПСВ, Иван Перишиќ, се враќа во Серија А.

Перишиќ се договори со Интер и повторно ќе го облече дресот на „нероазурите“.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Овој 36-годишен фудбалер на 27 натпревари оваа сезона за холандскиот клуб постигна пет гола и додаде 10 асистенции.

На Џузепе Меаца доаѓа за да го искористи своето искуство и да му помогне на Интер во борбата за Скудетото.

Перишиќ во својата кариера исто така ги носеше дресовите на Хајдук од Сплит, Бајерн од Минхен, Тотенхем, Волфсбург, Дортмунд, Клуб Бриж, Сошо…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мегваер стана трагичар, па даде коментар за пеналот и дополнителни го налути навивачите

Фудбалерите на Борнмут и Манчестер Јунајтед одиграа 2:2 во возбудлив натпревар од 31-то ко…