
Реал Мадрид полека излегува од кризата, а во 21. коло на Ла Лига на гостување го победија Виляреал со 2:0 и запишаа многу важни три бода.
Двоен стрелец за Кралскиот клуб беше Мбапе, а двата гола ги постигна во второто полувреме.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
По натпреварот, Алваро Арбеола не го криеше задоволството. Ги пофали своите играчи, но и е свесен дека тимот полека излегува од кризата што е најважно.
Сепак, во целата таа еуфорија, Арбеола со целосно сериозен тон даде изјава што го потресува фудбалскиот свет.
На прашањето на новинарите да ги коментира игрите на поединците, Арбеола беше сериозен и прецизен.
“Тие двајцата се најдобри на светот, многу се непредвидливи. Се обидуваме да им ја даваме топката што е можно повеќе, бараме ситуации во кои Винисиус може да трча покрај голот, каде Килијан може да создаде простор”, изјави Арбеола за Винисиус и Мбапе.
Тренерот на Реал Мадрид смета дека во својот состав имаат двајца најдобри фудбалери во светот.
Секако, ова многу брзо предизвика лавина коментари на изјавата на шпанскиот тренер.
Многумина мислат дека Арбеола го кажа тоа во делириум по победата, а некои коментираат дека не можеше да биде посериозен.