Дома Фудбал Прв контакт помеѓу Ливерпул и Чаби Алонсо

Прв контакт помеѓу Ливерпул и Чаби Алонсо

Ливерпул веќе го направија првиот чекор за евентуалното привлекување на Чаби Алонсо како менаџер, тврди “Ас”. Според изданието, неодамна од клубот разговарале со луѓето блиски до тренерот. Одговорот бил позитивен – шпанецот има интерес да работи на “Енфилд”. Сепак, идејата е повеќе тој да ја преземе функцијата по завршувањето на сезоната.

Чаби Алонсо беше отпуштен од Реал Мадрид пред две недели и неговото име веднаш почна да се спомнува како замена за Арне Слот, под чија раководство “црвените” не се убедливи. Вчера Ливерпул дури и загубија од Борнмут и немаат победа веќе пет кола во Премиер лигата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според “Ас”, шефовите на Ливерпул го увериле Слот дека ќе ја заврши сезоната на чело на тимот.

Чаби Алонсо беше посакуван од “црвените” уште пред ангажирањето на Холанѓанецот, но тогаш тој претпочиташе да остане во Бајер (Леверкузен), со кого токму што ја имаше освоено титулата во Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик: Во Барселона не инвестираме многу пари, но носиме правилни одлуки

Откако во минатото коло на Ла Лига долгата успешна серија на Барселона беше прекината, сег…