Дома Кошарка Најмладиот кошаркар со 1.500 тројки во НБА: Дончиќ го достигна рекордот (Видео)

Најмладиот кошаркар со 1.500 тројки во НБА: Дончиќ го достигна рекордот (Видео)

Словенечкиот суперстар Лука Дончиќ ноќеска влезе во историјата на НБА како најмладиот кошаркар кој успеал да постигне 1.500 тројки во својата НБА кариера.

Дончиќ го предводеше екипата на Лос Анџелес Лејкерс до победа на гостувањето против неговиот поранешен клуб Далас, кој го совладаа со 116:110, и со постигнати три тројки стигна до неверојатната бројка од 1.500 шутови надвор од линијата на 7,24 метри.

Дончиќ повторно беше посебно инспириран против својот поранешен клуб кој го отпушти бидејќи бил “предебел и неспремен”, а постигна 33 поени, подели 11 асистенции и фати осум скокови.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спорот за селекцијата 3х3 прерасна во барање Димевски да замине од МОК

КФМ бара оставка од Даниел Димевски поради спорот околу изборот на репрезентацијата 3х3. Ф…