
Изминатата ноќ, Лос Анџелес Лејкерс го победија Далас Маверикс со резултат 116:110, а Лука Дончиќ го предводеше тимот од „Градот на ангелите“ со 33 поени, осум скокови и 11 асистенции. Словенечкиот ас ги постигна и последните четири поени за Лејкерс, а во финишот на натпреварот изнуди фаул во напад, со што практично се реши прашањето за победникот.
Покрај Дончиќ, се истакнаа Леброн Џејмс и Хачимура со по 17 поени, додека Џејк Ларавиа и Маркус Смарт постигнаа по 13 поени. Натпреварот беше одигран и без Остин Ривс, што беше 15-ти натпревар по ред без него за Далас.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Во тимот на Маверикс најдобар беше Макс Кристи со 24 поени, Наџи Маршал додаде 21 поен со 11 скокови, Брендон Вилијамс 20, Кејлеб Мартин 17, додека Купер Флег забележа 16 поени, седум скокови и шест асистенции.