Дома Фудбал Мбапе му покажа на Дијаз како се изведува паненка, притисокот сега е на Барселона (Видео)

Мбапе му покажа на Дијаз како се изведува паненка, притисокот сега е на Барселона (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид постигнаа победа во рамките на 21. коло во Ла Лига на гостувањето кај Виљареал, а конечниот резултат беше 2:0.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Гостите имаа потреба од победа за да се искачат на првото место и успеаја во тоа.

Првата шанса ја имаа играчите на Виљареал во 12. минута. Бјукенан добро шутна, но не успеа да постигне гол.

Осум минути подоцна се закани и Реал Мадрид. Гулер проба, но Луиз Жуниор го одбрани.

На почетокот од второто полувреме Реал Мадрид дојде до предност.

Мбапе одлично ја следеше акцијата и ја смести топката во мрежата за водство на Реал Мадрид.

Одлична шанса за израмнување имаа домаќините во 62. минута, но Жерар Морено не беше прецизен од околу седум метри.

Во самата завршница беше досуден пенал за Реал Мадрид откако Мбапе беше соборен.

Токму тој го изведе пеналот и му покажа на Дијаз како се пука паненка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Важен ден на „Олд Трафорд“: Детето на Јунајтед потпиша до 2031!

Талентираниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Коби Мајну (21), ја продолжи соработка…