Дома Фудбал Флик: Во Барселона не инвестираме многу пари, но носиме правилни одлуки

Флик: Во Барселона не инвестираме многу пари, но носиме правилни одлуки

Откако во минатото коло на Ла Лига долгата успешна серија на Барселона беше прекината, сега шампионите ќе се обидат да запишат нова победа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во недела тимот е домаќин, а противникот изгледа идеален за таа цел – Овиедо, кој е последен на табелата. Еве што изјави тренерот на Барса Ханзи Флик по низа теми на редовната прес-конференција:

Изборите за претседател на клубот
Претседателот разговараше со мене. Добра вест е што изборите ќе бидат во најкраток можен рок. Тоа не влијае на тимот – ние сме професионалци, треба да играме фудбал, да имаме успеси… Ќе се фокусираме на нашите обврски и секогаш ќе настапуваме на максимум.

Односите со Жоан Лапорта
Мислам дека во последната година и пол имаше многу промени на подобро. Не инвестираме толку многу пари, но носиме правилни одлуки во врска со играчите што доаѓаат и им даваме можности на фудбалери од „Ла Масија“ да се развиваат и напредуваат. Ова е многу добра ситуација. За клубот е важно да има стабилност. Ќе видиме што ќе се случи. Членовите го избираат иднината на клубот и се надевам дека ќе тргнеме во правилна насока.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го чека уште една турбулентна сезона: Реконструкцијата само што започнува, а Слот е пред тежок предизвик

Ливерпул се наоѓа пред големи промени. „Црвените“ минатото лето потрошија речиси половина …