
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија Опен, со победа над Ботик ван де Зандшулп.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На овој натпревар, освојувачот на 10 титули во Мелбурн немаше помош од тренерот Борис Бошњаковиќ, кој го мачи вирус.
Тоа не му пречеше на Новак да го реши мечот против Холанѓанецот, кој минатата сезона го победи во Индијан Велс.
Следниот противник на Новак ќе биде победникот од дуелот меѓу Јакуб Меншик и Итан Квин.