Дома Фудбал Ќе биде ли бојкотирано СП: Животот на играчите не вреди повеќе од животот на многу луѓе

Ќе биде ли бојкотирано СП: Животот на играчите не вреди повеќе од животот на многу луѓе

Еден од потпретседателите на Германската фудбалска федерација смета дека репрезентациите треба да размислат за бојкот на Светското првенство 2026 година поради однесувањето и постапките на американскиот претседател Доналд Трамп.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Оке Гетлиш, член на извршниот комитет на Германскиот сојуз и претседател на бундеслигашкиот клуб Сент Паули, изјави дека “дојде време” сериозно да се разгледа и дискутира можноста за масовно повлекување од турнирот кој летово се одржува во САД, Мексико и Канада, пишува Дејли мејл.

Повикот на Гетлиш уследи откако Трамп во претходните недели доведе во прашање силата на НАТО сојузот, изрази интерес за купување на Гренланд, кој е територија на Данска, и се закани со воведување царини за осум европски земји кои се спротивставија на тој потег. Поради ваквите чекори кои ги нарушија односите со клучните сојузници, Гетлиш смета дека бојкотот треба сериозно да се разгледа.

Да потсетиме, германскиот политичар Јирген Харт, член на Христијанско-демократската унија (CDU) и лице блиско до канцеларот Фридрих Мерц, даде предлог кој би ја ставил ФИФА во незгодна положба. Во интервју за Билд изјави: „Откажувањето на турнирот би се сметало само за крајна мерка за претседателот Трамп да го преиспита прашањето за Гренланд.” 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаос во Милан – си заминува еден од најважните луѓе на тимот!

Спортскиот директор на Милано, Игли Таре, ќе ја напушти таа позиција на крајот од сезоната…