Дома Фудбал Буфон за вечната дилема: Ова е клучната разлика меѓу Роналдо и Меси

Буфон за вечната дилема: Ова е клучната разлика меѓу Роналдо и Меси

Џанлуиџи Буфон го отвори прашањето за вечната дебата меѓу фудбалските фанови – кој е подобар Кристијано Роналдо или Лионел Меси? Буфон појасни на постарите и помладите фанови како би требало вистински да се гледа на таа ситуација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанската голманска легенда Џанлуиџи Буфон е еден од ретките кои имаат привилегија да зборуваат од прво лице за Кристијано Роналдо и Лионел Меси, бидејќи делеше соблекувална со едниот, а против другиот водеше многу големи битки.

Откако Роналдо и Меси станаа глобални фудбалски икони, светот на фудбалот живее во вечна дилема: кој е подобар?

Тоа е прашање кое ги дели навивачите, експертите и поранешните играчи, а одговорот зависи од аголот од кој се гледа.

„Тие се двајца целосно различни играчи. Меси е покомплетен бидејќи започнува подлабоко, има поголема техничка квалитет и визија на игра која е поблиска до плејмејкер отколку класичен завршувач“, рече Буфон зборувајќи за Аргентинецот.

„Кристијано, особено последните години, се специјализираше за улогата на убиец во казнениот простор. Подобро ја менаџира својата енергија и кога ќе ја добие топката во шеснаесетникот, ретко греши – тогаш речиси секогаш постигнува гол“, изјави Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мареска има голема желба, а Манчестер Сити веќе почна да ја исполнува!

Манчестер Сити наскоро може да добие ново звучно засилување во офанзивниот дел од тимот, а…