
Новак Ѓоковиќ добро игра против Ботик ван де Зандшулп во шеснаесетфиналето на Австралискиот опен, каде што веќе го освои првиот сет, додека во неговата ложа забележана е една не толку убава ситуација – недостасува тренерот Борис Бошњаковиќ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Едноставно, неговиот тренер Борис Бошњаковиќ не се чувствува најдобро и поради тоа се одвои од останатиот тим, бидејќи постои сомнение за проблеми со вирус, па не сакаше да загрози уште некого околу себе.
Се чини дека е мерка на претпазливост, за да биде подготвен за продолжување на турнирот.
Инаку, во ложата на Новак се наоѓаат физиотерапевтот Миљан Амановиќ, кондицискиот тренер Далибор Широла и агентот Чарли Гомез.