Дома Фудбал Клоп му постави пет услови на Реал Мадрид

Клоп му постави пет услови на Реал Мадрид

Се засилуваат шпекулациите за можна соработка меѓу Јирген Клоп и Реал Мадрид, а новите информации откриваат дека германскиот стратег поставил конкретни услови за преселба во Шпанија.

Клоп, кој по завршувањето на сезоната 2023/24 ја напушти менаџерската позиција во Ливерпул поради замор, се уште е надвор од тренерските води. Иако неодамна прифати функција како Глобален шеф на фудбалот во компанијата Ред Бул, неговото име силно одекнува меѓу елитните европски клубови.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По отказот на Чаби Алонсо заради слабите резултати во новата сезона,Реал Мадрид го назначи Алваро Арбелоа како привремен тренер. Но, претседателот на кралскиот клуб, Флорентино Перез, долги години посакува Клоп на кормилото, и тоа нема да биде лесна задача.

Клоп постави пет конкретни услови за да го замени Арбелоа. Меѓу нив, тој бара ангажман на двајца од неговите поранешни играчи од Ливерпул – Доминик Собослаи и Алексис Макалистер, заедно со дефанзивецот Нико Шлотербек. Исто така, инсистира на ослободување од Франк Гарсија и Дани Себаљос, кои ги смета за неодговорни во играта.

Овој план чини барем 250 милиони евра, па ќе биде интересно да се следи како ќе реагира Перез…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голема трагедија: Почина ќерката на поранешен фудбалер на Шкупи

Поранешниот македонски шампион Шкупи објави дека се случила трагедија во семејството на ни…