
Најголемата ревизорска компанија во светот, Делоит, го објави годишниот извештај “Фудбал Мани Лига” кој ги анализира клубовите со најголеми приходи во светскиот фудбал. Сезоната 2024/25 донесе нови рекорди, бидејќи за првпат 20-те најбогати клубови заедно генерираа приходи над 12 милијарди евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Откако стана првиот фудбалски клуб кој оствари приход од милијарда евра во сезоната 2023/24, Реал Мадрид, вицешампион на Шпанија, повторно го надмина тој рекорд, постигнувајќи речиси 1,2 милијарди евра во сезоната 2024/25 (споредено со 1 милијарда евра во 2023/24), зацврстувајќи ја својата позиција како водечки клуб на светот, според анализата на компанијата. Шпанскиот клуб заработил 594 милиони евра од комерцијални активности, благодарение на зголемената продажба на промотивни производи и спонзорски договори. Само овој износ би бил доволен Реал Мадрид да се најде меѓу првите 10 клубови на овогодишната листа на Money League.
Список на 20-те најголеми клубови
- Реал Мадрид – 1.161.000.000 евра
- Барселона – 974.800.000 евра
- Баерн Минхен – 860.800.000 евра
- ПСЖ – 837.000.000 евра
- Ливерпул – 836.000.000 евра
- Манчестер сити – 829.300.000 евра
- Арсенал – 821.700.000 евра
- Манчестер јунајтед – 793.100.000 евра
- Тотенхем – 672.600.000 евра
- Челзи – 584.100.000 евра
- Интер Милано – 537.500.000 евра
- Борусија Дортмунд – 531.300.000 евра
- Атлетико Мадрид – 454.500.000 евра
- Астон Вила – 450.200.000 евра
- Милан – 410.400.000 евра
- Јувентус – 401.700.000 евра
- Њукасл – 398.400.000 евра
- Штутгарт – 246.000.000 евра
- Бенфика – 283.400.000 евра
- Вест Хем – 276.000.000 евра