
Тотенхем преговара со Ливерпул за доведување на Анди Робертсон, јавува “Атлетик”. 31-годишниот бранител е во плановите на лондончаните за следното лето, кога му истекува договорот со клубот од Мерсисајд. Сепак, “спарс” сега сакаат да го донесат уште во јануари и водат преговори со нивните колеги од “Енфилд”.
Капитенот на Шкотска стана втор избор во Ливерпул на позицијата лев бек, откако минатото лето беше донесен Милош Керкез. Тој неколку пати изјави дека сака повеќе да игра и неговата иднина во клубот не е сигурна.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Минатото лето Атлетико Мадрид беше заинтересиран за него. Робертсон е играч на клубот од Мерсисајд од 2017 година и имаше голем придонес во успесите на клубот во последните осум години.