
Со поразот од Сосиједад, Барселона му овозможи на Реал активно да се вклучи во трката за титулата во Шпанија.
Со рутинската победа во Прага против Славија, го направија следниот чекор кон Топ 8 во Лигата на шампионите. Сепак, статусот на Роберт Левандовски сè уште претставува предизвик за раководството. Бидејќи Полјакот има договор кој истекува на лето. Се очекува одговорот на напаѓачот на понудата од Каталонците.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Паралелно со тоа, се појави информација дека Барселона работи на доведување на Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид за 200.000.000 евра!
Се разбира, доколку Каталонците можат да издвојат толку многу за Аргентинецот кој има договор со мадридскиот тим до 2030 година. Во моментов неговата пазарна вредност е 100 милиони, според други сајтови за мерење на тие податоци.
Алварез пристигна од Манчестер Сити во Мадрид во 2024 година, во трансфер вреден 75 милиони евра. Претходно, Граѓаните го купиле од Ривер Плејт за 21,4 милиони евра. Оваа сезона, во дресот на Атлетико постигна 11 гола и има 5 асистенции на 28 натпревари.
Каталонците го држат рекордот за најголем трансфер досега, кога го продадоа Нејмар на ПСЖ за 222 милиони евра.