Дома Фудбал Челзи е еден од кандидатите за нов клуб на Даглас Луис

Челзи е еден од кандидатите за нов клуб на Даглас Луис

Челзи, Астон Вила, Васко да Гама и Ајакс се заинтересирани за играчот од средниот ред на Јувентус Даглас Луис, кој моментално е на заем во Нотингем Форест, но може да го напушти тимот во овој трансфер период, открива новинарот Николо Скира.

Според информациите, Јувентус инсистира на траен трансфер (заем со задолжителна опција за купување) за вкупна сума од 28,5 милиони евра. Во меѓувреме, Фабрицио Романо појаснува дека Челзи е согласен само на заем со опција за купување, додека Астон Вила се откажа од намерата да го врати својот поранешен фудбалер.

27-годишниот Бразилец има одиграно осум натпревари во Премиер лиг оваа сезона. Тој има и четири натпревари и една асистенција во Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…