Дома Фудбал Останато Вајт ги прокоментира написите за борбата на Масвидал и МекГрегор: Тоа се глупости!

Вајт ги прокоментира написите за борбата на Масвидал и МекГрегор: Тоа се глупости!

Пред неколку дена пензионираниот ММА борец Хорхе Масвидал за медиумите рече дека нешто големо се подготвува кога станува збор за неговото враќање во кафезот.

Тој, потсетуваме, рече за MMA Junkie дека е во сала и на тренинг.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Станува збор за многу доверливи информации и не можам да кажам многу, но тренирам за нешто големо. Никогаш не знаете, нели? Дајте им на луѓето што сакаат, не она што очекуваат. Можам да потврдам дека се работи за големи новости. Имам вести за мојот следен меч кои наскоро ќе ги објавам, ќе бидат навистина големи вести. Не можам ништо да потврдам ни да демантирам, но наскоро би можел. Имајте предвид дека сум омилениот борец на Доналд Трамп. За десетина дена би требало да добијам потврда”, кажа Хорхе.

Многумина ја протолкуваа оваа негова изјава како можна најава за настап на настан во Белата куќа во јуни оваа година, каде што противник ќе му биде Конор МекГрегор.

Сега по повод тие написи се огласи и самиот шеф на УФЦ, Дана Вајт, кој сето тоа го нарече „глупости“.

“Не би ни ги коментирал тие изјави, станува збор за глупости”, рече за „ТМЗ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Родителите ја напуштиле, била малтретирана и останала без нозе, сега заработува милиони и целиот свет ѝ се восхитува

Ова е еден од најемотивните моменти на Параолимписките зимски игри во Милано и Кортина! Ок…