
Саудискиот фудбал повторно се подготвува да ја потресе светската сцена и да ги премести границите на она што до вчера се сметаше за невозможно. Според најавите од англиските извори, клубовите од Саудиска Арабија планираат огромен летен трансфер-период, каков што досега не е виден.
Откако претходните сезони доведоа низа светски ѕвезди, Саудијците не планираат да застанат. Напротив, ова лето сакаат да отидат чекор понатаму и директно да атакуваат врз самата елита на европскиот фудбал.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Меѓу главните цели е Мохамед Салах, еден од симболите на Ливерпул и играч кој со години доминира во Премиер лигата. Неговото евентуално заминување би било еден од најголемите трансфери во историјата на саудискиот фудбал.
На списокот на желби е и Бруно Фернандеш, капитенот на Манчестер јунајтед и еден од највлијателните средни играчи на денешницата. Неговото доаѓање би значело дополнителен чекор напред во зголемување на квалитетот на саудиската лига.
Особено внимание привлекува името Винициус Жуниор, ѕвездата на Реал Мадрид и еден од најексплозивните крилни напаѓачи во светот. Обидот да се доведе Бразилецот би бил јасен сигнал дека саудиските клубови целат на самиот врв на светскиот фудбал.
На списокот се наоѓа и Роберт Левандовски, еден од најдобрите напаѓачи на својата генерација, кој и во зрелите играчки години продолжува да постигнува голови во дресот на Барселона.
Според достапните информации, конкретни потези и официјални понуди се очекуваат по завршувањето на Светското првенство. Саудиските клубови сакаат внимателно да ги темпираат своите потези и максимално да го искористат моментот.
Финансиската страна на приказната, како што се наведува, нема да биде проблем. Платите, бонусите и договорите што се подготвуваат далеку ги надминуваат оние што мнозинството европски клубови може да ги понуди.