
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го откажа тренингот во Мелбурн пред третото коло на Австралија Опен.
Причината за оваа одлука не лежи во здравствени проблеми, бидејќи српскиот тенисер во првите два настапа на турнирот изгледаше многу сигурно и физички подготвено.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Пореално е дека Ѓоковиќ сака максимално да ја распределува својата енергија, со оглед на екстремните временски услови кои се најавуваат за следните денови.
Сабота, според прогнозите, треба да донесе убедливо најтопол ден од почетокот на Австралија Опен, со температура која ќе достигне дури 39 степени.
Токму поради тоа, секој дополнителен напор надвор од натпреварот би можел да биде одлучувачки во текот на турнирот.
Ѓоковиќ во третото коло го очекува дуел со Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп, а натпреварот е закажан за Род Лејвер арената, во првиот вечерен термин.
Според локалното време, дуелот започнува во 19 часот, а публиката во Европа ќе може да го следи од 9.00 наутро по средноевропско време.
Ривалството меѓу Ѓоковиќ и Ван де Зандшулп моментално е изедначено. Во досегашните два меѓусебни натпревари, двајцата тенисери имаат по една победа.