Дома Фудбал Нови проблеми во Мадрид: Арбелоа на ѕвездата јасно ѝ кажа да го напушти клубот до крајот на јануари

Нови проблеми во Мадрид: Арбелоа на ѕвездата јасно ѝ кажа да го напушти клубот до крајот на јануари

Алваро Арбелоа стана тренер на Реал Мадрид откако доби отказ Хаби Алонсо, а прашање е до кога ќе ја извршува таа функција.

Според првите информации, тој би требало да ја извршува оваа работа до крајот на сезоната, по што клубот би требало да донесе нов тренер кој ќе седне на клупа на Реал Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Арбелоа, од друга страна, се надева дека може да направи големи нешта до крајот на сезоната и на тој начин да заслужи нов договор во овој голем клуб.

Секако, секогаш постои и можноста работите да не одат добро за Арбелоа, па Перез да му се заблагодари порано и да ангажира нов тренер пред крајот на сезоната.

Има многу играчи кои не се задоволни од својот статус во Реал Мадрид, а еден од нив е и десниот бек Александер-Арнолд.

Според пишувањата на шпанските медиуми, Англичанецот имал состанок со новиот тренер на Реал Мадрид, на кој било истакнато дека Александер-Арнолд е “на работ на слом”.

Тој на почетокот на сезоната дојде во Реал Мадрид од Ливерпул, но очигледно дека овој потег беше погрешен во неговата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта брза да биде реизбран на чело на Барселона – го закажа гласањето на првиот можен ден

Претстојните избори за претседател на Барселона ќе се одржат на 15 март, одлучи Управниот …