
Најатрактивната фудбалерка според многумина, Алиша Лехман, повторно ја пронашла љубовта, откако ја потврди романтичната врска со Монтел МекКензи, малку познат фудбалер и учесник на реалити шоуто Love Island.
МекКензи вчера го прослави својот 28. роденден заедно со Леман, а нејзините фотографии заеднички поставени на Инстаграм ја потврдија нивната врска.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Објавените фотографии брзо се проширија на социјалните мрежи, а со тоа Леман пронајде нова љубов откако се раздели со бразилскиот фудбалер Даглас Луиз во јуни минатата година.
Леман веќе беше забележана на одмор со МекКензи, а новиот пар објави и симпатично видео..
Според извор од The Sun, нивната љубов започнала во Балер лигата, каде се зближиле веднаш.
“Алиша често го канеше кај себе во својот стан во Комо за тајни викенд одмори. Мислам дека Монтел не можеше да поверува на својата среќа”, открил изворот за The Sun.
Инаку, Алиша е менаџерка на тимот MVPs United во Балер лигата, каде игра и МекКензи.
Во својата фудбалска кариера, МекКензи играл за американски и англиски помали клубови, додека Лехман е дел од тимот на Комо, каде што дојде од Јувентус.