
Ливерпул одигра одличен натпревар и победи со 3:0 на гости кај Марсеј во средбата од седмиот круг на Лигата на шампионите.
Доминик Собослај го отвори резултатот на крајот од првото полувреме со умешно изведување на слободен удар. Автогол на домаќинскиот голман Херонимо Рули ја удвои предноста на „црвените“ во 72-рата минута, а во самиот финиш замената Коди Гакпо го постигна третиот гол.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
По овој успех, тимот на Арне Слот е на четвртата позиција на табелата и најверојатно ќе заврши меѓу најдобрите осум, бидејќи во последниот круг ги очекува домаќинство против Карабах. Освен победата, другата добра вест за „црвените“ беше враќањето на Мохамед Салах, кој беше стартер за првпат по интервјуто во кое упати обвинувања кон тренерот и клубот.
.