
Жан Филип Матета е бесен на Кристал Палас откако му пропадна големиот трансфер во Јувентус, открива TEAMtalk.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Францускиот напаѓач веќе му кажал “да” на торинскиот великан и ги договорил личните услови, уверен дека преселбата во Серија А е речиси завршена работа. Но Палас во последен момент се премисли. Преговорите со Јувентус запнаа околу отштетата, бидејќи лондонскиот клуб не сакаше да попушти под барањето од 40 милиони евра.
Јувентус не беше подготвен да оди толку високо, па зделката пропадна, оставајќи го Матета фрустриран и разочаран.
Наместо чекор кон европската елита и носење на дресот на Јувентус, Матета остана свесен дека му избегна најголемата шанса во кариерата.