Дома Останати Ракомет Ракометот во иднина може да радува – Лазаров гради искусен тим со вистински лидер!

Ракометот во иднина може да радува – Лазаров гради искусен тим со вистински лидер!

Maкeдонската ракометна репрезентација вчера го заврши настапот на Европското првенство и тоа во првата фаза и ова беше четврти континентален собир во низа каде што настапот го завршуваме тука, но овие три натпревари покажаа и дека Македонија може да очекува добри резултати во индина, барем така изгледа во овој момент.

Завршуваме 14-ти благодарение на победата против Романија, а уште поважно е што таа победа ни обезбеди и само еден бараж за СП 2027 место два кои ќе требаше да ги играме, ако загубевме.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Треба да радува и фактот што Филип Кузмановски конечно блесна како вистински лидер на оваа генерација, натпреварот против Португалија во кој постигн 15 гола сигурно беше и најдобриот кој го одиграл за нашата селекција.

Но, и ракометарите со кои Лазаров почна да ја гради новата генерација покажаа дека на нив сериозно може да се смета. Можеби тука малку потфрли Марко Митев, но само поради големите очекувања и неговиот и потенцијал, меѓутоа не треба да се заборави и дека зад себе имаше една тешка повреда. На, моменти Митев ја покажа својата брзина и експлозивност во дуелите „еден на еден“, на крајот и турнирот го заврши со не така лоши осум постигнати гола од 17 обиди и 47% успешност. Кузмановски беше најефикасниот со 28. Интересно е што капитенот не промаши ниту еден седмерец и во тој сегмент е на 12/12. Мартин Серафимов исто така покажа квалитет со девет гола и 52.94% успешност на ударите.

Вчера против Романија солидни на теренот беа и Иван Џонов и Игор Ѓорѓиев и секако дека од нив во инднина има што да очекуваме.
Помеѓу голманите се издвои Томовски со 17 одбрани, а посебно важни беа оние против Португалија во последните моменнти кога Серафимов за жал не успеа да ја прифати топката за да имаме напад. Искусниот Митревски првенството го заврши со пет одбрани.

Просечната возраст на тимот со кој настапи Лазаров е нешто над 27 години, па така јасно е дека во случај да нема многу промени кои и не се очекуваат во голема мера, Македонија има селекција со лидер како Кузмановски, доплнета со повеќе помлади, но ракометари во зрели години, некои и со неколку првенства зад себе што секако е најава дека – има што да очекуваме веќе на наредниот голем турнир!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

По вчерашниот шок Данците го откажаа денешниот тренинг!

Данска се соочува со тежок предизвик во втората фаза од Европското првенство во ракомет. П…