
Килијан Мбапе ја потврди својата извонредна форма и во убедливата победа на Реал против Монако (6:1) во седмото коло од Лигата на шампионите. Ги постигна првите два гола за својот тим, со што стигна до вкупно 32 голови за оваа сезона. Најголемо внимание сепак привлече неговата одбранбена акција.
Особено затоа што често е критикуван дека не учествува во одбраната. Кога Реал водеше со 5:0, Монако тргна во контранапад. Тогаш Мбапе направи нешто неочекувано за негова репутација. Во еден застрашувачки спринт, тој се врати од шеснаесетникот на Монако до шеснаесетникот на Реал за да спречи опасен центаршут на противникот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Снимката од несебичната одбранбена акција на Мбапе стана вирaлна. Особено затоа што ја изведе во момент кога победата на Реал беше одамна осигурана. Според Maрка, “Мбапе ги инспирираше соиграчите да играат со непопустлив пресинг против одбраната на Монако. Иако постигна два гола, а сезонава има вкупно 32, тој се посвети на одбраната како никогаш досега.”
Килијан Мбапе се враќа од противничкиот шеснаесетник до сопствениот шеснаесетник за да проба да го спречи центаршутот на Монако.
byu/BlazingFirey insoccer