Дома Останати Тенис Хаос во Мелбурн, тенисер тргна да се тепа со навивач: Судијата трчаше низ теренот да спречи физичка пресметка (Видео)

Хаос во Мелбурн, тенисер тргна да се тепа со навивач: Судијата трчаше низ теренот да спречи физичка пресметка (Видео)

Топло попладне во Мелбурн, со температури над 30 степени Целзиусови, скоро се претвори во целосен хаос на теренот! Шпанскиот тенисер Алехандро Давидович Фокина беше дел од неверојатен инцидент за време на мечот од второто коло против Американецот Рајли Опелка, кога во еден момент тргна кон трибините со намера да се физички пресмета со еден навивач.

Сè започна кога харизматичниот, но жешкокрвен Шпанец почна да губи контрола врз мечот. Иако водеше со 2:0 во сетови, „бомбардерот” Опелка испука дури 40 аса и почна да ја топи предноста. Во четвртиот сет, при резултат 2:1 за Американецот, Давидович Фокина се фати за глава.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Главната цел на неговиот гнев беше група навивачи кои со својот изглед (долги брада и коса) потсетуваа на Опелка, а кои цело време беа премногу гласни. Сепак, еден од нив ја премина границата и на Шпанецот му упати непристоен гест, што беше капката која ја преле седела.

Давидович Фокина го остави рекетот и беснеејќи тргна директно кон трибината, без да го тргне погледот од провокаторот. Ситуацијата мирисаше на физички инцидент, но тогаш на сцена стапи британскиот судија од столчето Нико Хелверт.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Коментатор го навлече бесот со коментарот за Ѓоковиќ!

Вчера Ѓоковиќ започна со ловот на својата рекордна 25-та титула од Големите шлемови, започ…